Почеток СВЕТ Укината е забраната за рекламирање игри на среќа

Укината е забраната за рекламирање игри на среќа

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Врховниот суд на Шпанија ја укина забраната за рекламирање игри на среќа почитувајќи ги регулаторните правила на ЕУ. Забраната се однесуваше на рекламирање на игри на среќа преку ТВ и Интернет.

Судот му наложи на регулаторот да најде рамнотежа помеѓу загарантираната слобода на деловното работење на компаниите – организатори и заштитата на потрошувачите – играчите.

Укината е и претходно постоечката забрана за присуство на познати личности (инфлуенсери) во реклами, што судот го оцени како повреда на слободата на говорот.

Оваа одлука на Врховниот суд на Шпанија носи голема промена за целата индустрија за дигиталниот маркетинг, што укажува на потребата од пропорционално регулирање на деловните активности.

Во Македонија во септември Владата укина лиценци на четири компании за организирање на игри на среќа, а во тек е јавната расправа за учеството на познати спортисти во рекламирањето на игрите на среќа. Се најавува и ново законско решение за регулација на игрите на среќа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro