Почеток Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставка

Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставка

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По бурните реакции во јавноста за лицата кои беа помилувани од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за празникот 23 Октомври, сите членови на Комисијата за помилување, поднесоа оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова

Членови на Комисијата, именувани од Сиљановска Давкова се професорот Гордан Калајџиев, кој информираше за колективната оставка на Фејсбук, професорот д-р Методија Каневчев, професорот д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Помилувањето на членот на скопската криминална група “Барон“, Акиф Бејадин Равманоски, познат и како Акиф Јусуфи, кој откако беше помилуван, беше вратен во затвор заради обид за убиство, предизвика најмногу реакции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Делумно ослободување од затворските казни добија и актерот и поранешен градоначалник на Битола, Владимир Атанас Талески, од Битола, кој заврши во затвор за случајот „Транспортер„ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој доби ослободување од 7 месеци, како и поранешниот разузнавач, Марјан Милчо Ефремов од Скопје, осуден за случајот “Шпион“, кој доби ослободување од 7 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО

(Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова откако се објави кој е помилуван видела дека некои од помилуваните се “навистина интересни во негативна смисла“

The post Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставка appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro