Почеток СВЕТ Се урна руски хеликоптер при што загинаа тројца медицински работници и пилотот

Се урна руски хеликоптер при што загинаа тројца медицински работници и пилотот

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Хеликоптер Ми-2 се урна вчера во централниот руски регион Киров, при што загинаа сите четири патници, соопштија претставници на руското Министерството за вонредни ситуации.

Хеликоптерот, управуван од еден пилот, во кој имало лекар и двајца болничари, се урнал во шума во близина на селото Белеенки, на околу 700 километри источно од Москва, се наведува во соопштението на Министерството.

Спасувачите прво пронашле три тела на местото на несреќата, но подоцна го лоцирале и четвртото, соопшти Министерството.

Властите се уште не ги соопштиле причините за несреќата.

„Ми-2“ е мал хеликоптер со советски дизајн кој се користи за различни намени.

The post Се урна руски хеликоптер при што загинаа тројца медицински работници и пилотот appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro