Почеток СПОРТ Махучик и Дуплантис прогласени за најдобри европски атлетичари на свечена церемонија во Скопје

Махучик и Дуплантис прогласени за најдобри европски атлетичари на свечена церемонија во Скопје

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинакта Јарослава Махучих и Швеѓанецот Арманд Дуплантис, се крунисани за европски спортисти на годината за 2024 година на доделувањето на Golden Tracks“ што се одржа во Македонската Опера и Балет во Скопје,

Махучих и Дуплантис освоија европски и олимписки титули и поставија светски рекорди на нивните настани во 2024 година. Патем, и двајцата победници се исто така претходни добитници на трофејот „Ѕвезда во подем“, награда која им дава признание на најистакнатите млади спортисти во Европа.

Овогодинешните победници на Ѕвездата во подем се сребрената медалистка во фрлање копје од Србија, Адријана Вилагос и шестопласираниот на 1500 метри, Нилс Ларос од Холандија.
Јарослава Махучих беше крунисана за европска спортистка на годината за прв пат, земајќи ја наградата пред европските и олимписки шампиони Кили Хоџкинсон и Фемке Бол, европски спортист на годината за 2022 и 2023 година.

Махучих, на која трофејот и го врачи претседателот на Европската атлетика, Добромир Карамаринов, ја задржа европската титула во Рим пред да го комплетира сетот на големи златни медали во скок во височина на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Но, веројатно нејзиното најголемо достигнување дојде еден месец пред Олимписките игри, поточно на натпреварувањето во рамките на Дијамантска лига, каде Махучих испиша историја и го собори светскиот рекорд во скок во височина, прескокнувајќи 2,10 метри. Таа го урна рекордот на Бугарката Стевка Костадинова од 2.09 метри поставен на Светското атлетско првенство во Рим во 1987 година.

Махучих, која беше крунисана за женска ѕвезда во подем во 2019 година, станува само вториот атлетичар од Украина што е крунисан за европски спортист на годината, откако колегата во скокач во височина Богдан Бондаренко ја освои наградата во 2013 година.

Во машка конкуренција Швеѓанецот Арманд Дуплантис беше крунисан за европски спортист на годината за прв пат, откако претходно ја подели наградата со Јакоб Ингебригтсен во 2022 година. Двојката исто така го делеше трофејот „Ѕвезда во подем“ во 2018 година.

Дуплантис беше во потесниот избор за признанието заедно со олимпискиот шампион на 5000 метри и светски рекордер на 3000 метри Ингебригтсен и грчкиот олимписки и европски шампион во скок во далечина Милтиадис Тентоглу, правејќи ја овогодинешната листа на финалисти веројатно најсилната во историјата на наградите.

Дуплантис ја имаше една од најголемите сезони во спортската историја, бранејќи ги своите титули на Светското атлетско првенство во сала, Европските првенства во атлетика и Олимписките игри и бришејќи ги светските рекорди од 6,24 метри, 6,25 метри и 6,26 метри на пат до сезона без пораз на затворено и на отворено.

Дуплантис ја заврши летната сезона со сопственост на осумте најдобри резултати во сезоната. Тој, исто така, го урна рекордот на шампионатите, прескокнувајќи 6,10 метри за својата трета последователна европска титула на отворено во Рим. во јуни годинава.

 

Добитници на наградите Golden Tracks“ 2024 година

Европски спортист на годината за жени – Јарослава Махучих (Украина)
Европски спортист на годината за мажи – Арманд Дуплантис (Шведска)
Женска ѕвезда во подем – Адриана Вилагос (Србија)
Машка ѕвезда во подем – Нилс Ларос (Холандија)
Награда за признание за тимски дух – Тим Италија на Европското првенство во атлетика Рома 2024 година
Награда за тренер – Драгутин Топиќ (Србија) и Дерди Вилагос (Србија)
Награда за најдобар претседател на федерација – Тони Лазаров (Македонија) и Кристина Шабадкаине Ваго (Унгарија)

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro