Возач на камион влетал во автобуската станица во Глилот, недалеку од Тел Авив, удрил во автобусот, а потоа косел пешаци, при што повредил вкупно 35 лица, од кои шестмина се во тешка состојба, јавија денеска израелските медиуми.
Локалните власти соопштија дека се работи за терористички напад и потврдија дека напаѓачот е фатен, објави „Џерусалим пост“.
#BreakingNews Δεκάδες τραυματίες από επίθεση φορτηγού σε στάση λεωφορείου στο κεντρικό Ισραήλ
Dozens injured as truck strikes bus stop in central Israel
|Source : https://t.co/STgZe312Hz pic.twitter.com/Hi95Ycx061— 𝐏𝐫𝐨𝐤𝐚𝐥𝐢𝐩𝐭𝐢𝐤𝐚 _ (@prokaliptika1) October 27, 2024
Итната помош во Глилот соопшти дека на повредените им била укажана помош на лице место, наведувајќи дека шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, а пет се здобиле со умерени тешки повреди.
Полицијата соопшти дека лицата кои биле на местото на настанот пукале во возачот на камионот и успеале да го запрат.
Текстот ВИДЕО: Терористички напад: Десетици повредени е превземен од А1он.