Почеток Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број луѓе се водат за исчезнати, соопшти денеска владината агенција за одговор при катастрофи.

Агенцијата соопшти дека бројот на жртви најверојатно дополнително ќе се зголеми поради поплавите и одроните предизвикани од невремето.

Полициски и противпожарни единици се ангажирани во операции за помош и спасување во погодените области на Филипините.

Текстот Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138 е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro