Почеток Камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив, едно лице загина

Камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив, едно лице загина

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Едно лице загина, а неколку десетици се повредени во денешниот напад, кога камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив. Тамошната полиција се сомнева дека е терористички чин.

Камионот удрил во автобуска постојка во близина на воена база во 10 часот по локално време, соопшти полицијата.

Возачот, кој имал израелско државјанство, бил „неутрализиран“ од вооружен цивил, додава полицијата.

Вкупно 40 лица се повредени, од кои дел се потешко.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и нагласи дека „постои сомнение дека се работи за терористички напад“.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачот е израелски Арап од Калансаве, град во централен Израел.

Текстот Камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив, едно лице загина е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro