Почеток МАКЕДОНИЈА Пожар во хотелот „Манастир“ во Берово, побарана помош од околните општини

Пожар во хотелот „Манастир“ во Берово, побарана помош од околните општини

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

 Попладнево дел од комплексот „Манастир“ во Берово го зафатил пожар, а чадот и мирис се чувствувал низ целито град.

Екипите на противпожарната служба веднаш излегле на терен, но се уште нема официјални информации за обемот на пожарот и за евентуалната причинета штета.

Според очевидци, засега нема опасност од тоа пожарот да се прошири на околните објекти.

Гостите во туристичкиот комплекс биле евакуирани и нема повредени, а градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изјави дека поради сериозноста на пожарот помош била побарана од локалните општини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro