Почеток МАКЕДОНИЈА Изгаснат пожарот во комплексот „Манастир“ во Берово, нема повредени

Изгаснат пожарот во комплексот „Манастир“ во Берово, нема повредени

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Противпожарните служби успеаја да се изборат со пожарот што вечерва го зафати хотелот „Манастир“ во Берово и да спречат негово ширење.

15 пожарникари излегле на терен во Берово со четири противпожарни возила од противпожарната служба во Берово. Тие побарале помош и од противпожарните служби во Кочани и Струмица како и од доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

„Пожарот е локализиран. Дел од летната тераса е зафатена, не е дозволно да се прошири пожарот на хотелот, на собите. Мислам дека има голема материјална штета, но спречено е да не се прошири пожарот на хотелот“ изјави командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

 Во пожарот е изгорена летната тераса од ресторанот во комплексот, а според првичните информации пожарот настанал од скарата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro