Почеток СВЕТ Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран

Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Советот за безбедност на Обединетите нации се очекува да се состане утре за да разговара за нападот на Израел врз Иран, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на дипломати.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го повика Советот за безбедност да се состане за „криминалните напади“, велејќи дека тие се „тешка закана“ за мирот, а дипломатите рекоа дека Советот најверојатно утре ќе разговара за ситуацијата.

Амбасадорот на Израел во ОН Дени Данон ја отфрли жалбата на Иран во Обединетите нации, велејќи дека Иран „се обидува да дејствува против нас на дипломатската арена со смешно тврдење дека Израел го прекршил меѓународното право“.

– Како што постојано велевме, имаме право и должност да се браниме и ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме граѓаните на Израел, рече Данон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro