Полицијата во Младеновац, Србија, уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовниот убиец кој во мај 2023 година уби девет, а тешко рани 14 лица во селата Мало Орашје и Дубона.
Според порталот Телеграф.рс, тројца мажи со автомобил „фиат“ се упатиле до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да го запалат објектот. Но, пожарот зафатил само сува трева, а полицијата успеала да го изгасне пожарот пред доаѓањето на пожарникарите.
Осомничените биле брзо запрени и уапсени и приведени на распит.
Во Белград во тек е рочиштето на кое на Урош му се суди за убиствата.
The post Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија appeared first on Република.