Почеток КУЛТУРАСцена Ивона Јо: Несебично Ви ја подарувам „Себично” – Нека стигне до секоја душа што пати и боли

Ивона Јо: Несебично Ви ја подарувам „Себично” – Нека стигне до секоја душа што пати и боли

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претстави со песната „Себично” – песна која од прва ја освои публиката. 

Со својот моќен и контролирано емоционален вокал, Ивона успеа да ја истакне секоја нота и збор во песната, пренесувајќи чувство на болка и растревоженост, но и сила и решителност. На сцената таа настапи самоуверено, но и чувствително, внесувајќи ја публиката длабоко во приказната на песната. Настапот ја издвои како една од највпечатливите учеснички на фестивалот, а реакциите од присутните во салата и коментарите по социјалните мрежи само потврдуваат дека за нејзината интерпретација уште долго ќе се зборува.

„Одејќи против себе, се казнуваме и нанесуваме штета на себе. Носејќи го товарот од минатото, чувајќи сѐ во срцето, се казнуваме и повредуваме себе си. И себично не пуштаме да се ослободиме од сопствените стеги. За едно сурово. За едно бесрамно и безмилосно време. За едно време кое зема се од мене. Ќе раздени ли нов ден за мене?

Има ли свет поубав за мене? Повелете парче душа. Нека патува и стигне до секоја душа која пати и боли”. – кажа Ивона. 

Нејзиниот настап беше експлозија од емоции, а воедно и ослободување на сета таа тежина што љубовта може да ја носи со себе. Преку секој тон, таа ја покажуваше и сопствената болка, но и својата сила, правејќи ја публиката да се чувствува како дел од нејзината приказна.

Како композитор и аранжер на „Себично” се потпишува Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова.

Песната останува како емотивна лекција за секоја душа која минува низ свој личен мрак, но и надеж дека низ музиката можеме да најдеме сила за да тргнеме напред. „Себично” не е само песна, таа е порака, крик и молба – за слобода, љубов и мир во сопственото срце.

Уживајте во „Себично”:

 

The post Ивона Јо: Несебично Ви ја подарувам „Себично” – Нека стигне до секоја душа што пати и боли appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro