Шпанскиот мотоциклист Карлос Татај, кој минатата година се здоби со тешки повреди на ‘рбетниот мозок, упати низа обвинувања против Светската федерација за мотоцикли, која наводно од срамна причина одбива да му помогне.
Животот на Татај целосно се промени во јули минатата година, кога се здоби со сериозни повреди при пад за време на трката за Европското првенство во Портимао. Шпанецот беше имобилизиран од половината надолу, поради што му беше потребна инвалидска количка, а за време на неговото опоравување се покажа дека осигурувањето што редовно го плаќал на федерацијата на неговата земја е безвредно!
Имено, Управниот орган на светскиот мотоциклизам, како и Шпанската федерација за мотоцикли и Мото федерацијата на Валенсија, одбиваат да му помогнат на Шпанецот со некаков вид на отштета бидејќи тврдат дека неговиот инвалидитет не е доволно сериозен за да има право на тоа?!
Односно, секое лице кое ќе земе пропусница за работа од висок ризик на патеката мора да потпише документ во кој го прифаќа одрекувањето од организаторот во случај на несреќа. Но, како член на трите веќе споменати федерации, како и поради тоа што се здоби со повреда на патеката, Татај има право на отштета, но не ја добива.
- Трошат пари за нови канцеларии, но кога станува збор за компензација на возачите, не им е грижа. Светската мотоциклистичка федерација ќе ми даде пари ако легнам во кревет, изјави Татај.
Иако ја приложил целата потребна документација на која јасно се гледа сериозноста на повредите со кои се здоби, како и степенот на инвалидитет, доби одговор дека Светската мотоциклистичка федерација не го признава за спортист со инвалидитет. Причина за тоа е фактот што Татај има желба да се врати на натпреварите, иако неговиот инвалидитет е очигледен. Тој во јули учествуваше на трката Ла Баха Арагон, а неговата желба е да биде на Дакар, односно во рели натпреварувањето.
- Вака се однесуваат со нас, мислиме дека сме осигурани, а тоа е само сон. Ќе се бориме до крај, додаде Татај во своето обраќање на Инстаграм.
View this post on Instagram