Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 21.10. до 27.10.2024 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.