Директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Коце Трајановски, при увидот во работата на Бехтел и Енка на делницата Гостивар – Букојчани, рече деца експропријацијата на земјиштето од целиот проект Коридор 8 и Коридор 10Д ќе заврши до Нова година и потоа американско-турскиот изведувач ќе може слободно да ја започне видливиот дел од изградбата на автопатите.
– Оваа обвврска е преземена од претходната влада, но многу работи се дури закочени. Експропријација не може да се заврши за шест месеци, во август месец не беше ниту започната. Откако сум дојден за неполн месец експроприравме 2.400 катастарски парцели. Тоа е главниот проблем за изведување на градежните работи. Кога има застој плаќаме пенали во милиони евра. Ние сме тука да ја забрзаме оваа постапка за Македонија да не плаќа пенали – рече Трајановски.
Поранешниот градоначалник на Град Скопје рече дека има останато уште половина катастарски парцели кои треба да подлежат на експропријација и тие ќе видат расчистени до крајот на оваа година.