Градоначалникот на Кирхберг, Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција. Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.
Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“.
In Upper Austria, the 64-year-old mayor of Kirchberg ob der Donau, Franz Hofer, was shot dead on Monday morning in the Rohrbach district. https://t.co/XZRTn6R6Jh
— RTL Today (@rtl_today) October 28, 2024
Ловецот кој бил на нива или во шума, откако пукал се упатил во непознат правец. Нападот се случил околу 9:15 часот.
Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер, потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг.
The post Атентат врз градоначалник во Австрија: Убиецот е во бегство appeared first on Локално.