Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот Tрадиционалeн Саем на студии во Франција 2024

Tрадиционалeн Саем на студии во Франција 2024

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на традиционалниот Саем за студии во Франција, којшто ќе се одржи в понеделник, 28 октомври 2024, од 11 до 16 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

 

Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, а официјално ќе биде отворен во 12 часот, со поздравни говори на:

  • г-дин Јовица Никчевски, Директор на НУБ „Св. Климент Охридски“  Скопје,
  • г-ѓа Весна Јаневска, Министерка за образование и наука,
  • Н.Е г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и
  • г-дин Марко Ѓоргиевски, Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – Еразмус+.

 

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

 

Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за стипендии, студиски програми на англиски јазик и сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската Агенција за високо образование Кампус Франс.

 

The post Tрадиционалeн Саем на студии во Франција 2024 appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro