Почеток СПОРТФудбал Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори

Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела прв пат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар.

Најголемото фудбалско македонско дерби ќе се игра под рефлектори со што создадени се услови и за други натпревари во вечерниот термин, вклучувајќи и настапи на македонската фудбалска репрезентација.

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“  ги финализираа активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола.

The post Светна во Битола: Пелистер-Вардар ќе играат под рефлектори appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro