Почеток Филков оствари средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс: разговарано за планираните реформи во правосудството

Филков оствари средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс: разговарано за планираните реформи во правосудството

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

Беше изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.

На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство ( 2024-2028).

Како особено значајна беше посочена дигитализацијата која треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството.

Текстот Филков оствари средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс: разговарано за планираните реформи во правосудството е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro