Почеток МАКЕДОНИЈА Костадин Костадинов: Водата во Струмица е безбедна за пиење!

Костадин Костадинов: Водата во Струмица е безбедна за пиење!

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Струмичкиот градоначалник – Костадин Костадинов на социјалните мрежи напиша дека водата од водовод во Струмица е безбедна за пиење.

„Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка. Анализи од Институт за Ветерина, три акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани. Струмичкиот отпор и пркос даде резултат. Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната!“, напиша Костадинов на Фејсбук.

Водата за пиење во Струмица и шест населени места беше забранета за употреба пред еден месец заради зголемено присуство на манган и во последните мерења заради зголемено присуство на колиформни бактерии.

Текстот Костадин Костадинов: Водата во Струмица е безбедна за пиење! е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro