Почеток СВЕТ Гутереш: Жителите на Судан живеат „кошмар“ на глад, болести и етничко насилство

Гутереш: Жителите на Судан живеат „кошмар“ на глад, болести и етничко насилство

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Жителите на Судан живеат „кошмар“ на глад, болести и етничко насилство, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

„По 18 месеци војна меѓу суданската армија на генералот Абдел Фатах ал-Бурхане и паравоените сили за брза поддршка на неговиот поранешен заменик, генералот Мохамед Хамдан Дагало, „страдањата се зголемуваат од ден на ден, со 25 милиони луѓе кои сега имаат потреба од помош”, рече Гутереш пред Советот за безбедност на ОН.

Илјадници убиени цивили, широко распространети силувања и други неописливи злосторства – суданскиот народ живее „кошмар на насилство“, додаде тој.

Генералниот секретар на ОН е ужаснат од нападите на Силите за брза поддршка врз цивилите во Дарфур, како и од суданските сили во Картум, кој е цел на воздушни напади.

„Населението, исто така, го доживува кошмарот на глад, со повеќе од 750.000 луѓе во ситуација на катастрофална несигурност, како и кошмар од болести – од колера, маларија, денга треска и сипаници – кои брзо се шират“, рече Гутереш.

Во Судан има повеќе од 11 милиони раселени лица, вклучувајќи три милиони бегалци во соседните земји.

Гутереш подвлече дека Судан брзо повторно станува кошмар на масовно етничко насилство, особено со драматичната ескалација на борбите во Дарфур.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro