Во албанското Министерство за Европа и надворешни работи се одржа проштална средба на македонскиот амбасадорот Данчо Марковски со министерот Игли Хасани.
Покрај другото средбата била искористена за размена на мислења околу билатералните односи и перспективи меѓу двете земји.
Заеднички беше констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, особено во делот меѓу ресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, како и на другите полиња од заемен интерес, објави амбасадата во Тирана.
Двајцата соговорници ја истакнале потребата за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и заедничко генерирање на стабилност во регионот.
Марковски е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Албанија од 2020 година.
The post Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија appeared first on Република.