Почеток СВЕТ Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат против Украина

Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат против Украина

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пентагон денеска објави дека Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија за да се обучуваат за борба во Украина во следните неколку недели.

Портпаролката на Пентагон – Сабрина Синг нагласи дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против севернокорејските сили.

Според неа, некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде Русија се бори да го одбие украинскиот упад.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека севернокорејските воени единици веќе се во регионот Курск, што претставува „значајна ескалација“ на вмешаноста на Пјонгјанг во конфликтот во Украина. Руте нагласи дека ова е „опасно проширување на војната во Русија“ и изрази загриженост за ситуацијата.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен планираат да се сретнат со нивните јужнокорејски колеги за да разговараат за ситуацијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во октомври изјави дека „илјадници“ севернокорејски војници се на пат кон Русија, повикувајќи се на разузнавачки информации. Според него, 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да бидат распоредени во Украина на руска страна.

Текстот Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат против Украина е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro