Предвидени се вкупно 350 општински проекти, вклучително со дополнувањето што треба да се случи до средината на ноември, што ќе бидат финансирани од средствата наменети само за секторот Транспорт.
Станува збор за сума од над 2 милијарди денари, најави премиерот Христијан Мицкоски.
– Со оние проекти што очекуваме да бидат дополнети докај 15 ноември, ќе ја заминеме бројката 350. Минус една општина, која, за жал, конкурираше со проект што е во фаза на изградба на избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина, градоначалникот. Се работи за изградба на нови улици, водоводи, канализации, булевари. Навистина ќе биде нешто што досега не се случило. Епски проект, она што им е битно на граѓаните – истакна премиерот Мицкоски.
Тој подвлече дека фокусот на Владата е да работи за интересот на граѓаните.