Почеток СПОРТ Кејн и Мбапе ја добија наградата „Герд Милер“

Кејн и Мбапе ја добија наградата „Герд Милер“

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По Ламин Јамал, кој ја доби наградата Копа за најдобар млад играч, УЕФА, „Франс фудбал“ и „Лекип“ ги прогласи фудбалерките на Барселона за најдобри во женска конкуренција, додека кај мажите наградата му припадна на Реал Мадрид.

Следна награда која беше доделена е наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец. Прв пат во историјата двајца фудбалери ја добија наградата.

Хари Кејн и Килијан Мбапе го освоија трофејот „Герд Милер“ за најдобри стрелци минатата сезона. Хари Кејн ја прими наградата, додека Мбапе не беше присутен доделувањето, бидејќи Реал Мадрид ја бојктира церемонија. Двајцата минатата сезона постигнаа вкупно 52 гола.

Никој од Реал не е присутен откако Флорентино Перез дознал дека Златната топка нема да ја освои Винисиус Жуниор. Неофицијален став на клубот е дека Златната топка повеќе „не постои и нема вредност“ за нив.

Текстот Кејн и Мбапе ја добија наградата „Герд Милер“ е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro