Почеток Скопје Да се донесе правилник за велосипедска инфраструктура

Да се донесе правилник за велосипедска инфраструктура

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонија е една од последните земји на Балканот (и, секако,во Европа) што немаат важечки правилник за велосипедската инфраструктура. Со нас се само Албанија и Косово.

Токму затоа од „Биди зелен“ бараат од Министерството за транспорт и врски што побрзо да донесе правилник за велосипедската инфраструктура.

За таа цел, утре, во периодот од 13:00 до 15:00 часот, во просториите на Младинскиот центар – Матично (спроти Градскиот парк), „Биди зелен“ ќе ги презентира двата пристапа за носење ваков правилник на конференцијата „Потреба од донесување правилник за велосипедската инфраструктура на национално ниво“. На конференцијата, на која ќе бидат презентирани предлог-правилниците, различни експерти ќе дискутираат за нивната примена и за важноста за итно спроведување.

Целта е со заеднички пристап да се добие што подобар правилник за велосипедската инфраструктура, што побрзо. На настанот се поканети гости од Министерството за транспорт и врски, РСБСП, ЈП за државни патишта, различни институции и чинители од домашниот невладин сектор и од меѓународната заедница.

Од „Биди зелен“ ги охрабруваат посетителите да дојдат со своите велосипеди. Тоа, според нив, би ја збогатило дискусијата поради нивното лично искуство, користејќи ја скопската велоинфраструктура, која, како што велат, иако не е на завидно ниво на светски ранг, е единствената во републиката што има каква- таква мрежа и е изведена делумно со стандардизиран пристап.

Оттаму потенцираат дека ако има таков правилник, ќе мора секоја општина, при проектирањето каков било пат, да го земе предвид и велосипедското движење.

Бидејќи сега, како што истакнуваат, секоја велосипедска патека и лента во Македонија е приказна сама за себе, без да постои унифициран пристап.

– Немаше да смее да се изведе булевар без посебна лента /патека за велосипеди. Немаше да смее да се изведе пешачки премин со висок рабник по кој не може да се вози тркало. А, со тоа ќе се олеснеше движењето на секое лице со посебни потреби, бебешките / пазарски колички – нагласуваат од „Биди зелен“.

(А.П.)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro