Почеток БАЛКАН Хрватска ќе купи нови тенкови „Леопард“ од Германија, а своите ќе ги испрати во Украина

Хрватска ќе купи нови тенкови „Леопард“ од Германија, а своите ќе ги испрати во Украина

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Хрватското министерство за одбрана соопшти дека Хрватска ќе испорача дел од своите тенкови и борбени возила во Украина, а ќе купи и до 50 нови тенкови „Леопард“ од Германија.

За ова во Берлин разговарале хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ и германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Како што се наведува во соопштението, главна тема на средбата била опремувањето и модернизацијата на хрватската армија со акцент на набавката на нови тенкови „Леопард 2А8“.

Германија ја покани Хрватска да се приклучи на германската програма за заедничка набавка на главниот борбен тенк „Леопард 2А8“.

Министрите потпишаа писмо за намери во кое изразија подготвеност при првата испорака да достават 30 тенкови М-84 и 30 пешадиски борбени возила М-80 од хрватските резерви во Украина, како и дека финансиските средства што Хрватска ќе ги добие од Германија за овие тенкови и борбени возила ќе се користат за купување нови германски тенкови „Леопард 2А8“.

За тој износ, имено, би се намалила вкупната цена на новиот ‘Леопард 2А8’. Со оглед на потребите на хрватската армија, Хрватска има намера да набави до 50 нови ‘Леопард 2А8’“, се вели во соопштението на хрватското Министерство.

Анушиќ истакна дека Германија е важен партнер за Хрватска во областа на одбраната и додаде дека приоритет е зајакнување и проширување на оваа соработка, додека Писториус изјави дека Хрватска е сигурен партнер и дека со потпишувањето на писмото за намери одлучила да инвестира во своите вооружени сили, се додава во соопштението.

The post Хрватска ќе купи нови тенкови „Леопард“ од Германија, а своите ќе ги испрати во Украина appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro