Почеток МАКЕДОНИЈА Старец се обидел да отруе куче и измачувал мачка

Старец се обидел да отруе куче и измачувал мачка

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Повозрасен човек е обвинет за измачување на животни, информираат од МВР.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

-На 05.09.2024 пријавениот во дворно место во семејната куќа во Крива Паланка, се обидел да отруе куче и измачувал мачка, посочија од полицијата.

Во член 233 од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело мачење животни, се вели дека тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

The post Старец се обидел да отруе куче и измачувал мачка appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro