Почеток „Доколку МВР и Тошковски продолжат да молчат СДСМ ќе поднесе кривична пријава за Бојан Христовски“, велат од опозициската партија

„Доколку МВР и Тошковски продолжат да молчат СДСМ ќе поднесе кривична пријава за Бојан Христовски“, велат од опозициската партија

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„МВР и Панче Тошковски молчат за скандалот со сертификатот на назначениот партиски директор на Агенцијата за национална безбедност со што директно се ставаат во негова заштита“, соопшти СДСМ.

„Очигледно МВР и Тошковски имаат селективен пристап и двојни стандарди кога функционерите на власта се во прашање.

Како поинаку може да се толкува тоа што МВР во април оваа година поднела кривична пријава против 44 годишна жителка на Велес поради „употреба на исправа со невистинита содржина“ односно TOEFL сертификат за познавање англиски јазик од Пловдив Бугарија.

А молчи и не презема ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски кој исто така има сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, иако во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL?

МВР и Тошковски по овој пример од Велес треба да поднесат кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик.

Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „Доколку МВР и Тошковски продолжат да молчат СДСМ ќе поднесе кривична пријава за Бојан Христовски“, велат од опозициската партија е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro