Едукативната конференција „Поттикнување на самостоен живот на лицата со попреченост преку поддршка на нивните родители и старатели“ ќе се одржи во Мултифункционален центар Крикни, на 30 октомври 2024 година, со почеток во 10:00 часот.
Придружете се на овој инспиративен настан, каде родители, старатели, едукатори и сите што сакаат да направат позитивна промена за лицата со попреченост ќе имаат ќе имаат уникатна можност да научат, да се вмрежат и да бидат дел од новите иницијативи за независно живеење.
Програма:
10:00 – 10:15: Регистрација на учесници
10:15 – 10:30: Добредојде од организацијата и вовед во проектот
10:30 – 11:30: Презентација на резултатите од проектот од страна на претставици од Цма Крик и Хуманост
11:30 – 12:00: Сесија за прашања и одговори
12:00 – 13:00: Мрежно поврзување и коктел
13:00 – 13:15: Затворање на настанот
Проектот PARENTS4IND (P4IND) е дел од KA2 акцијата на програмата Еразмус, финансиран од Германската национална агенција, и има за цел да ги зајакне родителите и старателите во поддршката на лицата со попреченост за нивно независно живеење.
Координатор на проектот е OUTREACH HANNOVER EV од Германија, во партнерство со Fondazione Zanandrea и Link DMT од Италија, Preduzeće za profesionalnu rehabilitaciju i zapošljavanje osoba sa invaliditetom ITECCION DOO и Centar za neformalno obrazovanje i celozivotno ucenje udruzenje Србија и Association Humanost и ЦМА Крик од Република Македонија.
The post Едукативна конференција „Поттикнување на самостоен живот на лицата со попреченост преку поддршка на нивните родители и старатели“ appeared first on ekran.