Во неколку објави на X (поранешен Твитер), иранската војска објави напади врз Израел користејќи ја врската #TruePromise, како што се нарекуваа нивните претходни операции како одговор на израелските напади.
Our response is inevitable.#OpTruePromise3 pic.twitter.com/ZP4VCeCiNt
— Iran Military (@IRIran_Military) October 28, 2024
„Нашиот одговор е неизбежен“ и „Овој пат ќе нападнеме за да осакатиме“, се пораките на иранските воени сили.
We will strike to cripple this round.#TruePromise3
— Iran Military (@IRIran_Military) October 28, 2024
Потоа го цитираа 80-тиот стих од сура Ел-Исра во Куранот:
„Господаре мој, направи да умрам, а ти да си задоволен од мене, воскресни ме од мртвите, а да си задоволен од мене, и дај ми сила од Тебе која ќе ми помогне!”
My Lord! Let my entry be good, and my exit be good. And grant me from You a helping authority.
The Noble Quran (17:80) pic.twitter.com/3jJD89oaHr
— Iran Military (@IRIran_Military) August 4, 2024
На 26 октомври, Израел изврши серија воздушни напади врз Иран како одмазда за иранскиот напад претходно овој месец.
Експлозии можеа да се слушнат во главниот град на Иран, Техеран, но иранските власти соопштија дека тие предизвикале само „ограничена штета“.
Тоа беше, исто така, прв пат израелската војска отворено да го нападне Иран, кој не се соочил со ваков интензитет на напади од војната со Ирак во 1980-тите.
Повеќечасовниот израелски напад заврши непосредно пред изгрејсонце во Техеран, а израелската војска соопшти дека цел биле производствени капацитети „користени за производство на проектили што Иран ги истрелал кон државата Израел во текот на изминатата година“.