Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Концертот на Костов – виолина и Созовска – чембало отворен за јавноста

Концертот на Костов – виолина и Созовска – чембало отворен за јавноста

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во рамките на фестивалот на класична музика „Златна лира 2024“, вечерва на 29 октомври (20 ч.), во Музејот на македонската борба, концерт ќе одржат Владимир Костов на виолина и Цветанка Созовска од Холандија на чембало. Влезот на концертот е слободен.

Во рамките на програмата присутните ќе имаат можност да ги слушнат композициите на Ф. А. Бонпорти, Ј. С. Бах, А. Вивалди, Ф. М. Лопез и Х.И.Ф. Бибер.

Овој музички настан ќе ја обележи првата соработка помеѓу Цветанка Созовска и Владимир Костов, во изведба на барокна музика на македонската сцена. Иако долго време делат пријателство и заедничка љубов кон овој музички жанр, ова ќе биде нивното прво заедничко претставување пред домашната публика, каде што ќе ја спојат својата индивидуална експертиза и пасија за барокот во незаборавно музичко искуство.

Инаку, Владимир Костов е член на повеќе ансамбли, меѓу кои камерниот оркестар „Алеа“, квартетот „Бревис“ и ансамблот „Кон Темпора“. Основач е на клавирското трио „ВАМ“, а настапува со Македонската филхармонија и е концерт-мајстор на меѓународниот оркестар „No Borders“, со кој во 2021 година настапува и како солист. Основач е на фестивалот „Виолин фест“. Работи како концерт-мајстор на Македонската филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тој е добитник на наградата „Георги Божиков“.

Цветанка Созовска (Скопје, 1975) е дел од интернационални ансамбли и оркестри како „Театро ала мода“ и „Џардино Музикале“, со кои редовно настапува во Холандија и Европа. Често е дел од Интернационалниот барокен оркестар на Исланд, каде што настапува на проекти во Рејкјавик и пошироко. Покрај нејзината изведувачка дејност, таа има богата педагошка кариера. Цветанка е професор по чембало во Утрешкиот центар за уметности и веќе 10 години работи како корепетитор на чембало во Одделот за историска изведба на Конзерваториумот во Утрехт. Во последните 15 години предава пијано во Меѓународното училиште на Хаг, а паралелно работи со ученици од различни школи и возрасни аматери.

Таа е активен хорски диригент, води хорови од различни жанрови – од класична музика, џез и поп, до традиционална музика од целиот свет. Како член на стручното жири на Флоренс натпреварот за млади таленти во Хаг, редовно придонесува кон развојот на нови музички таленти.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro