Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Сопругата на Сергеј Трифуновиќ плати казна затоа што не го пријавила престојот во Србија

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ плати казна затоа што не го пријавила престојот во Србија

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ минатата недела ја пријави сопругата за семејно насилство, по што било откриено дека Исидора илегално била во Србија, односно не го пријавила претстојот.

Против Исидора, која е хрватска државјанка, е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци. Законот предвидува глоба во износ од 10.000 до 50.000 динари (85 до 425 евра) за непријавување престој.

Иако српските медиуми пишуваа дека Исидора ќе биде депортирана од Србија, Телеграф.рс пишува дека Исидора ја платила казната предвидена со закон и нема да ја напушти државата.

„Исидора е осудена на парична казна во износ од 20.000 динари (170 евра) и ја платила веднаш. Не верувам дека ќе ја напушти државата. Односот им е таков, денес се добри, утре не се. Сепак, тие се сакаат“, рекол изворот за Телеграф.

Текстот Сопругата на Сергеј Трифуновиќ плати казна затоа што не го пријавила престојот во Србија е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro