Почеток БАЛКАН До смрт претепана 23-годишна Србинка од нејзиниот партнер

До смрт претепана 23-годишна Србинка од нејзиниот партнер

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Србин до смрт ја претепал својата девојка во нов страшен случај на фемицид во Србија.

Станува збор за 23-годишниот Д.И. кој со тупаници по главата и телото ја тепал неговата 23-годишна девојка, по што повикал Брза помош тврдејќи дека ѝ се слошило.

Според неофицијалните информации на „Блиц“, лекарите ја затекнале несреќната жена веќе мртва и со цело тело покриено со модринки.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Крушевац, наредена е обдукција.

Полицијата во Александровац го уапсила Д.И., а по наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

The post До смрт претепана 23-годишна Србинка од нејзиниот партнер appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro