Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Марија Спасовска без трошка страв,  со “Страв“ ја освои “Макфестовската“ публика

Марија Спасовска без трошка страв,  со “Страв“ ја освои “Макфестовската“ публика

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Им се врати на фестивалите…..Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од поновата музичка генерација е таленираната и згодната Марија Спасовска. На тукушто завршениот 39-ти по ред фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во Штип, кој се оддржа изминатиот викенд, таа го донесе до публиката потенцијалниот поп-хит “Страв“. Но за Марија немаше трошка страв. Настапи убедливо, впечатливо, храбро освојувајќи го срцето на публиката, пред се на машкиот дел. Ја покажа својата умешност за пеење…

Токму така како пејачка која е одлична на сцената и со самото свое однесување, на фестилската сцена во Домот на културата „Ацо Шопов“ ја донесе одлично својата нова песна поради  што добар дел од присутните останаа без здив. Марија е воедно и надарен автор, односно кантавторот на “Макфестовската“ песна.  Таа ги потпшишува и музиката и стиховите за песната „Страв“!

Самоуверена и одважна со одлична интерпретација и впечатлив настап Марија ја покажа сета своја зарелост, полека вбројувајќи се во македонската женска пејачка поп елита. „Страв“ е модерна тема, музички обоена со современи звуци онакви какви што се користат во новите светски музички трендови. Одлично вокално изведена од самата Марија, а аранжирана од еден од македонските музички мајстори на сите жанрови, како што е Никола Мицевски. Песната е снимена и миксана во студиото „ХL Момировски“, каде Никола Мицевски и Дејан Момировски ги потпишуваат продукцијата и миксот за истата.

Лирски кажано, песната содржи грст емоции, но без лигава патетика, туку низ стихови кои искрено и едноставно ја оддаваат емотивната состојба на една распеана девојка со сите нејзини стравови и дилеми.

Низ песната Марија ни раскажува за тоа дали одново да и се врати на старата љубов од која се изгорела. Дали повторно да и се препушти или да се обиде сосема да ја заборави таа љубов? При тоа она што останало од истата е доволно цврста емотивна нитка, која тешко се раскинува, по која остануваат само празни љубовни погледи…..

И тоа е тој  „Страв“, како што е насловена самата песна.  За песната е снимено едноставно, но мошне ефектно видео кое на интересен начин ја следи целата содржина низ испеаните стихови. Различните сцени се снимени на неколку различни локации. Дел во македонската престолнина Скопје, дел во градот Солун во јужното соседство, во кој пејачката е сега на првата година на студии. Видеоспотот го потпишуваат: Томислав Живковиќ како режисер, а со него и  неколку други кои се рамноправен дел од  бројната професионална екипа.

Д.М.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro