Почеток КУЛТУРА Хрватска набавува германски тенкови, старите југословенски ги испраќа во Украина

Хрватска набавува германски тенкови, старите југословенски ги испраќа во Украина

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Хрватска планира да набави 50 нови германски тенкови Леопард 2А8, според неофицијални информации. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ и германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во Берлин ќе потпишат писмо со намери што ќе го означи првиот чекор во оваа набавка.

Германија ја покани Хрватска да се приклучи на заедничката програма за набавка на главниот борбен тенк Leopard 2A8, најмодерната верзија произведена од Rheinmetall, водечкиот европски производител на оружје, пишува Index.

Според достапните информации, моделот за набавка предвидува Хрватска при првата испорака да испрати во Украина 30 тенкови М-84 и 30 пешадиски борбени возила М-80 од своите резерви, вклучувајќи резервни делови и муниција. За хрватската испорака на тенкови и оклопни возила во Украина средства би обезбедила Германија, односно за таа сума би се намалила вкупната цена за набавка на нови Леопард 2А8 за Хрватска.

Хрватската армија во моментов има околу 70 добро одржувани тенкови М-84. Замената на овие постари тенкови, произведени во времето на поранешната држава, со новиот Леопард 2А8 се смета за клучна за модернизацијата на хрватските вооружени сили.

Владата до средината на ноември треба да донесе формална одлука за повеќегодишното финансирање на овој проект. Тогаш треба да се знае конечната цена за набавката на Леопард и други детали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro