Почеток СПОРТ РК Алаклоид доби противник од Австрија во третото коло на ЕХФ Купот

РК Алаклоид доби противник од Австрија во третото коло на ЕХФ Купот

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Екипата на РК Алкалоид успешно ја мина првата пречка во ЕХФ Купот и по двете победи над Драгунас Клаипеда се пласираше во третото коло на ова натпреварување. Чета на Кирил Лазаров, одигра два неверојатни натпревари против литванскиот тим, а во следното коло за протвиник доби тим од Австрија – Вест Виена.

Во ждрепката за третото коло во ЕХФ Купот, Алкалоид влезе како неносител и затоа силите ќе ги одмери со тимот од Австрија, Вест Виена.

Првите дуели од третото коло ќе се играат на 23/24 ноември, додека реваншите се закажани за следниот викенд, на 30 ноември/1 декември. Победниците од третото коло ќе се пласираат во осминафиналето.

Тимот на Раховице на чија клупа седи македонскиот стратег Горан Андоновски за следно коло ќе се бори против Минаур Баја Маре од Романија.

Во ЕХФ Купот настапија уште две македонски екипи, кои за жал не успеаја да ја минат првата пречка. Тиквеш беше елиминиран во првото, додека Охрид во второто коло.

ОСТАНАТИ ДВОЈКИ:
Драмен (Норвешка) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина)
Кремс (Австрија) – Партизан (Србија)
Мотор Запорожје (Украина) – Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина)
Пореч (Хрватска) – Крка (Словенија)
Раховец (Косово) – Баја Маре (Романија)
Анортозис (Кипар) – Фади Винтертур (Швајцарија)
Арендал (Норвешка) – Диомидис Аргус (Грција)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro