Почеток БАЛКАН Во секоја куќа во Соколац и околината спие по еден војник, додека се трага по сторителот на двојното убиство

Во секоја куќа во Соколац и околината спие по еден војник, додека се трага по сторителот на двојното убиство

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Петти ден црногорската полиција не успева да му влезе во трага на 65-годишниот Алија Бачијагиќ, кој е осомничен дека во петокот во селото Соколац, близу Бијело Поље, ги убил сестрата и братот Миланка и Јован Маџгаљ.

Во потрагата се приклучи и војската со посебен тим опремен за изведување на ноќни операции – елитната воена единица Одред за посебни намени. Но, надлежните велат дека теренот е голем и тежок за пребарување, а Бачијагиќ е вешт во криењето, зашто подолго време престојувал таму.

Полицијата тврди дека прави сè за да го лиши од слобода осомничениот, со ангажирање на сите свои сили – интервентните единици, Специјалната антитерористичка единица (САЈ), Посебната единица на полицијата (ПЈП), Граничната полиција, а на терен се и старешините од сите сектори кои ги раководат и координираат активностите на потрагата во која се користат и дронови, хеликоптери и кучиња трагачи. Но, жителите на Бијело Поље и околината се револтирани и преплашени, особено откако беа предупредени да внимаваат, да останат во своите домови и да не пуштаат непознати, зашто осомничениот убиец може да е вооружен. Стравот кај населението е до тој степен, што викендов во секоја куќа преспиваше по еден војник. Затворено е и основното училиште во Томашево, каде што учат децата од околните села.

Според црногорските медиуми, полицијата всушност го барала Бачијагиќ 15 дена претходно за кражба на пушка, но по убиството на братот и сестрата од Соколац, потрагата е засилена. Претседателот на месната заедница Томашево на која припаѓа Соколац, Веско Гогиќ, за Вијести вели дека мештаните од тоа село и од уште неколку населени места живеат во страв, зашто Балијагиќ, во тој реон престојувал десетина дена, но полицијата не направила ништо за да го најде.

-Добивме наредба да не излегуваме од куќите, никој не знае ни како ни до кога. И жртвите на злосторството беа заклучени, па ги застрела низ прозорец, што е неверојатно, вели Гогиќ, и додава дека убиецот низ реонот го гледале десетина дена со пушка и реденици, а се претставувал како ловец кој ги изгубил кучињата.

И мешатнинот Драган Грба за весникот потврдил дека соседите го пријавувале  Балијагиќ дека се движи во тие села, но полицијата не реагирала. Полицијата, пак, тврди дека за Балијагиќ добиле само една пријава и тоа на денот на трагедијата.

Полицијата потврди дека осомничениот убиец, чија фотографија ја објави, бил повеќекратен повратник од затвор. Извор од самиот врв на безбедносниот сектор за „Побједа“ вели дека постои голема веројатност Балијагиќ да се сокрил во напуштен објект, штала или куќа, а на поширокото подрачје кое полицијата го пребарува има голем број куќи во кои никој не живее. Изворот на „Побједа“ посочува и дека Балијагиќ веќе е познат како криминалец, склон кон најтешки кривични дела, извршител на убиство и силување и важи за личност со психички нарушувања.

Како што кажуваат мештаните, во петокот Балијагиќ бил во селото Соколац, каде што седел кај еден жител. Попладнето отишол кај Миланка и Јован Маџгаљ и наводно јадел со нив. Откако го испратиле, се вратил и неколку пати пукал во нив низ прозорец со пушка што пред извесно време ја украл од еден жител на Бијело Поље, во чија куќа провалил. Вечерта околу 21 часот полицијата била известена дека во куќа во Соколац се пронајдени две тела, а увидот покажал дека сестрата и братот биле усмртени од огнено оружје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro