Силен „гејзер“ од отпадна вода, или поточно канализација, фекална вода, изби од подземен цевковод во Русија, фрлајќи ја содржината на повеќе од 50 метри во воздух, покажува видеото објавено на рускиот канал Телеграм и споделено на Интернет.
На снимката се гледа како „фонтаната“ „еруптира“ неколку минути, фрлајќи очигледно загадена вода врз згради, возила и јавни места. Се чини дека сè се случило во близина на фреквентна раскрсница и стигнало до 17-тиот кат од соседната висококатница, но и повисоко од блискиот кран, пренесува Newsweek.
In Moscow, a shit fountain was built from underground, higher than a skyscraper.
An attraction that Muscovites deserve.Can you smell it? pic.twitter.com/qBrMm5QwWq
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) October 28, 2024
Станбените згради и оние во изградба се преплавени со фекалии во областа Нова Москва во Москва, објави Мирор.
Moscow Telegram channels report that the sewage system in Moscow broke down.
A “fountain” the height of a residential building is seen in one of Moscow’s districts.
A sh*t show, literally. pic.twitter.com/n8K30uAnJz
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 28, 2024
Видеото беше споделено на интернет од неколку луѓе, меѓу кои и поранешниот советник на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, кој редовно известува за настани поврзани со руската војна во Украина и настаните во Русија, кој на мрежата Х сподели три видеа од инцидентот.
„Московски канали на Телеграм известуваат дека дошло до дефект на канализациониот систем во Москва. Во една од областите на Москва се гледа „фонтана“ во висина на станбена зграда“, изјави Герашченко. „Ср.ње шоу, буквално“, коментира тој покрај објавувањето на видеото.
Пропаднатиот руски енергетски гигант Газпром во соопштение за печатот изјави дека инцидентот се случил поради рутинска процедура за чистење, односно дезинсекција (обично, производство на чад или пареа за борба против инфекции и штетници). На овој начин е исчистен нов дел од гасоводот, а претставниците на руската корпорација изјавиле дека ситуацијата е под контрола, пренесува The Mirror во соопштението за печатот на Газпром.
Локалните власти работат на санирање на штетите и намалување на здравствените ризици за жителите од погодената област. Се очекува екипите за чистење и еколошките агенции да останат на терен до целосно нормализирање на ситуацијата.