Почеток Црна Хроника Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите

Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33) и Ѓ.К.(41), трите од с. Пирок, тетовско.

Тие во СВР Тетово биле пријавени од М.Ф.(54) и З.Ф.(70) од с. Мала Речица дека околу 09:00
часот, додека биле во нивниот угостителски објект агресивно се однесувале кон нив и физички ги нападнале, користејќи и тврд предмет, а го оштетиле и инвентарот на угостителскиот објект.

Трите жени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro