Почеток КУЛТУРАСцена (ФОТО) Додека се бори со болеста – Фотографиите од насмеаниот Брус Вилис ги израдувале фановите: Направени за време на излегување во Лос Анџелес

(ФОТО) Додека се бори со болеста – Фотографиите од насмеаниот Брус Вилис ги израдувале фановите: Направени за време на излегување во Лос Анџелес

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Брус Вилис неодамна бил фотографиран за време на ретко излегување во Лос Анџелес, а на фотографиите бил насмеан и изгледал прилично добро расположен.
И’ покрај борбата со афазијата и деменцијата, холивудскиот актер изгледа опуштено и весело додека се возел во автомобилот. На главата имал капа од Los Angeles Dodgers, а ова појавување особено ги израдувала фановите на актерот.
Призорот нуди утешен увид во животот на Брус откако го напушти Холивуд поради неговата здравствена состојба.

Претходните појавувања на актерот во јавноста дополнително ги загрижија фановите, со оглед на тоа дека тој често изгледал дезориентиран.
Излетот во Лос Анџелес доаѓа откако поранешната сопруга на Брус Вилис, Деми Мур, објави ажурирање за неговото здравје минатиот месец, откривајќи дека е „во стабилна состојба“.
Двојката беше во брак помеѓу 1987 и 2000 година и има три ќерки: Румер, Скаут и Талула. Таа, исто така, објаснила како ги советувала своите деца да се справат со долгорочната здравствена криза на семејството.

Имено, таа открила дека им рекла да се справат со моменталната ситуација без да се навраќаат на тоа што бил нивниот татко претходно.

Daily Mail во мај оваа година објави дека Брус се бори со неизлечива болест – фронтотемпорална деменција – од 2022 година. За разлика од Алцхајмеровата болест, кај фронтотемпоралната деменција губењето на меморијата не е првиот симптом што се јавува. Првиот симптом е афазија, односно нарушување на говорот.

Фото: Архива

The post (ФОТО) Додека се бори со болеста – Фотографиите од насмеаниот Брус Вилис ги израдувале фановите: Направени за време на излегување во Лос Анџелес appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro