Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава МИЦКОСКИ: Околу 680 милиони денари се за општинските еколошки проекти

МИЦКОСКИ: Околу 680 милиони денари се за општинските еколошки проекти

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Животната средина е наш приоритет. Околу 680 милиони денари од средствата што ќе се вложат за реализација на капиталните проекти во општините се наменети за заштитата на животната средина, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Да, има и такви проекти. Се разбира, животната средина е наш приоритет и многу се вложува тука. Се работи на тоа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Има некаде околу 680 милиони денари проекти што се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме и понатаму да инвестираме во животната средина, во оние програми што веќе ги имаме од минатото. Добив информација дека почнува постепено да се реализира проектот за пречистителната станица во Битола, слично нешто очекувам и за Тетово. Скопската, гледам, почнува да се задвижува итн. Сакам да кажам дека апсолутно тие проекти ни се приоритет – рече Мицкоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro