Почеток МАКЕДОНИЈА Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Аријан Асланај

Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Аријан Асланај

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Аријан Асланај, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против кичевецот Џ.Б.(54), заради „Несовесно работење во службата“.

Како што се наведува во соопштението од СВР – Охрид, „лицето А.А. во својство на в.д. директор на Управа за заштита на културно наследство, со пропуштање должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дозволил агенцијата за обезбедување имоти и лица „2СС“ со седиште во Кичево да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4.926.250 денари, на начин што избраниот субјект не се придржувал на одредбите од потпишаниот договор за физичко и техничко обезбедување на локалитетот“.

Второпријавениот се товари дека како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со Управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број вработени лица. Тој исто така не се придржувал на законот за приватно обезбедување каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација.

The post Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Аријан Асланај appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro