Почеток МАКЕДОНИЈА ФАЛСИФИКАТИ ЗА ВАПЦАРОВ: Го стрелаа во 1942-ра, а во 1947-ма мртвиот поет станал редовен член на Сојузот на писатели на Бугарија

ФАЛСИФИКАТИ ЗА ВАПЦАРОВ: Го стрелаа во 1942-ра, а во 1947-ма мртвиот поет станал редовен член на Сојузот на писатели на Бугарија

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Писателот и поет од Пиринска Македонија, Никола Јонков Вапцаров е стрелан од бугарската фашистичка власт во 1942 година, а „примен е за редовен член“ во Сојузот на бугарските писатели од комунистичката власт во 1947 година.

Ова може да се види од документот што е објавен на страницата што објавува историски документи и сведоштва Macedonia: a True Endless Story на Фејсбук.

Во продолжение целата објава:

БУГАРСКИ ФАЛСИФИКАТ: РЕДОВНОТО ЧЛЕНСТВО НА МРТВИОТ ПОЕТ

Познато и веќе докажано е дека бугарските комунисти под диктаторот Тодор Живков, со сите сили се мачеле и сѐ уште се мачат да го фалсификуваат и „побугарат“ животот и делото на Никола Вапцаров. Бугаристичките фалсификати во оваа насока се бројни, но ова е еден од можеби најсмешните.

Како што може да видиме од оваа „членска карта“, Вапцаров и во 1947 г., бил „редовен член“ на бугарскиот Сојуз на писатели… Иако бугарските наци-фашисти го осудија и стрелаа поетот во 1942 г.
Не се знае дали фалсификатов е дело на некој современ бугарист-ентузијаст или на некој живковист од порано, но ова е еден од најплитките и најглупави бугарски фалсификати. —-/

(Подготви: Д. Г.)

https://denesen.mk/na-deneshen-den-uapsen-e-poetot-nikola-j-vapcarov-koj-po-4-mesechno-izmachuvanje-e-strelan-na-garnizonskoto-strelishte-vo-sofija/

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro