Почеток ЕКОНОМИЈА Предлог-буџетот за 2025 година помина на Влада, еве на што ќе се трошат парите на граѓаните

Предлог-буџетот за 2025 година помина на Влада, еве на што ќе се трошат парите на граѓаните

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Владата на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година.

Вкупните буџетски приходи се проектирани на 358 милијарди денари, или 5,8 милијарди евра, што е за 13% повеќе од Буџетот за 2024 година.

Вкупните расходи е предвидено да изнесуваат 400 милијарди денари, или 6,5 милијарди евра, што е раст од 10% во однос на Буџетот за 2024 година.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 4%.

Предвидени се средства за мартовското зголемување на пензиите од 2.500 денари, а за таа намена се обезбедени 105 милијарди денари, 15 милијарди повеќе од годинава.

За платите е обезбедено зголемување од 3,5 милијарди денари, или вкупно 48 милијарди денари за оваа намена, плус две милијарди денари за зголемувањето на платите во образованието.

За поддршка на ранливите категории граѓани се предвидени 14,5 милијарди денари или 500 милиони денари повеќе.

За здравствена заштита се обезбедени 5,2 милијарди денари повеќе средства од тековната година или вкупно 53,4 милијарди денари.

Во Предлог-буџетот за 2025 година се предвидува економски раст од 3,7% и инфлација од 2,2%.

Капиталните расходи се на ниво од 50,65 милијарди денари, што е раст од 13% или шест милијарди денари во однос на ребалансот на Буџетот.

The post Предлог-буџетот за 2025 година помина на Влада, еве на што ќе се трошат парите на граѓаните appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro