Почеток СПОРТ Јокиќ со типл-дабл му донесе победа на Денвер по продолжение (ВИДЕО)

Јокиќ со типл-дабл му донесе победа на Денвер по продолжение (ВИДЕО)

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во НБА се одиграа само четири натпревари, но не недостигаа возбудувања. Најинтересно беше во Бруклин, каде Нагетс победија само по продолженија.

Брилијантниот Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок беше творец на победата на неговиот Денвер на гостувањето кај Бруклин по продолжение.

Гостите во првиот дел имаа и 17 негатива, која полека ја анулираа. Во финишот на регуларниот дел, на 2.секунди до крајот Јокиќ се погрижи за израмнување и продолжение. Во него „Негетс“ беа подобри па на крајот заслужено славеа со 144-139.

Трикратниот МВП на лигата за 41 минута на теренот постигна 29 поени, 18 скока и 16 асистенции, а загуби само една топка. Вакви бројки Оскар Робертсон последен пат постигна во НБА во 1974 година.

Заедно со незапирливиот Јокиќ двоцифрени беа и Арон Гордон и Џамал ​​Мареј со по 24 поени, како и Расел Вестбрук кој постигна 22 поени, а реализира и две многу важни тројки.

The post Јокиќ со типл-дабл му донесе победа на Денвер по продолжение (ВИДЕО) appeared first on .

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro