Почеток КУЛТУРА Погледнете го трејлерот за најновиот филм на Клинт Иствуд: На 95 години го сними можеби своето најдобро дело

Погледнете го трејлерот за најновиот филм на Клинт Иствуд: На 95 години го сними можеби своето најдобро дело

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На YouTube е објавен првиот трејлер за претстојната драма Juror #2, за која се шпекулира дека е последниот филм во кариерата на Клинт Иствуд.

Четирикратниот оскаровец го режираше филмот по сценарио на Џонатан Брамс.

Приказната го следи семејниот човек Џастин Кемп (Холт) кој е повикан да биде поротник за време на судењето за убиство и дознава дека најверојатно е вмешан во злосторството. Кемп една вечер се враќал дома од бар кога налетал на нешто со својот автомобил. Убеден дека удрил елен кој во меѓувреме избегал, се вратил дома. Но, истата вечер се случи убиството на една жена, за кое беше обвинетo нејзиното момче,  Џејмс Сајт (Басо). Нејзиното тело било пронајдено во близина на местото каде што Кемп го удрил еленот. Една година подоцна, Кемп мора да служи како поротник во судењето на Сајт, кој можеби е невин.

Според реакциите на фановите кои го видоа трејлерот, „Juror #2“ е можеби најдобриот филм на Иствуд во последно време.

Последните два филма на кои работеше не постигнаа голем успех на бокс офисот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro