Почеток МАКЕДОНИЈА Мицкоски ќе го чека мислењето на ДКСК за директорот на АНБ Христовски, тврди дека има сертификат за државна тајна

Мицкоски ќе го чека мислењето на ДКСК за директорот на АНБ Христовски, тврди дека има сертификат за државна тајна

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски има сертификат за државна тајна, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник за изградба на нова градинка во Општина Ѓорче Петров.

Прашан за тоа што ќе направи Владата во однос на отворениот предмет на Државната комисија за спречување корупција за именувањето на Христовски за директор на АНБ, премиерот рече дека ќе го чекаат мислењето на Комисијата.

Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ по пристигнување анонимна претставка до Комисијата во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Наводите, според претседателката Татјана Димитровска, се однесуваат на неисполнување услови за именување на директор. Конкретно во делот на образование, стекнување со безбедносен сертификат и припадност на политичка партија.

The post Мицкоски ќе го чека мислењето на ДКСК за директорот на АНБ Христовски, тврди дека има сертификат за државна тајна appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro