Почеток КУЛТУРАСцена 50 Cent открил зошто ја одбил понудата да настапи на митингот на Трамп за три милиони долари

50 Cent открил зошто ја одбил понудата да настапи на митингот на Трамп за три милиони долари

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Раперот 50 Cent изјавил дека ја одбил понудата на Доналд Трамп да настапи на неговиот митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк за три милиони долари.
За време на интервјуто за The Breakfast Club, водителот диџеј Envy го прашал 50 Cent дали Трамп му понудил пари во замена за неговата поддршка, а тој потврдил дека од него било побарано да ја отпее неговата песна Many Man.
„Ми понудија три милиони долари, но не отидов толку далеку. Не сакав ни да разговарам со нив за такви работи бидејќи се плашам од политика. Не ми се допаѓа”, изјавил 50 Cent.
Во интервјуто го спомнал и Канје Вест, кој во последните години јавно ги искажуваше своите политички ставови, поради што подоцна му беше забрането да настапува низ САД и Европа, па поради тоа сега може да настапува само во Јапонија.
„Кога ќе се вклучите во политиката, секогаш ќе има некој што не се согласува со вас. Тоа е формулата што го доведе Канје до точка каде што сега може да настапува само во Јапонија“, рекол тој.
По изјавата на раперот, еден од членовите на кампањата на Трамп изјавил дека изјавите на 50 Cent не се точни и дека не му биле понудени пари за настапот.
Потсетуваме дека многу познати личности секојдневно ги поддржуваат своите миленици, а особено за одбележување е поддршката што ја доби Камала Харис во последните денови. Раперот Еминем неодамна се појави на митингот за поддршка на Харис во Детроит, а поддршка и дадоа и Бијонсе, Сара Џесика Паркер и Леонардо ди Каприо. Илон Маск му даде отворена поддршка на Доналд Трамп на почетокот на овој месец.

Фото: Архива

The post 50 Cent открил зошто ја одбил понудата да настапи на митингот на Трамп за три милиони долари appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro