Почеток СВЕТ Претседателката на Грузија повикана во обвинителство поради обвинувањата за изборен фалсификат

Претседателката на Грузија повикана во обвинителство поради обвинувањата за изборен фалсификат

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Грузиското обвинителство ја повикало претседателката Саломе Зурабашвили. поради нејзините изјави за наводна изборна измама, а сослушувањето е закажано за в четврток.

Канцеларијата соопшти дека ќе го испрашува секој кој има информации за ова прашање.

Обвинителството на Грузија истовремено ќе ги спроведе сите неопходни истражни и процедурални мерки наведени во жалбата на Централната изборна комисија (ЦИК) со цел да ги испита фактите презентирани од претседателот на Грузија, одредени политички партии и членови на набљудувачките мисии.

 

Врз основа на жалбата на Централната изборна комисија од 30 октомври 2024 година, Обвинителството на Грузија отвори истрага за наводно фалсификување на парламентарните избори“, се наведува во соопштението на канцеларијата на Обвинителството.

Постапката против Зурабашвили е покрената по пријава од Централната изборна комисија (ЦИК) на Грузија, која го повика обвинителството да почне истрага против оние кои тврдат дека имало наводни изборни измами.

Комитетот потсети дека набљудувачите на ОБСЕ имале позитивна оценка за изборите. Американската ревизорска фирма „Pro v&v“, исто така, не најде погрешни постапки при спроведување на изборите.

Во соопштението на ЦИК се наведува дека истрагата треба да ја опфати и претседателката и други грузиски политичари.

The post Претседателката на Грузија повикана во обвинителство поради обвинувањата за изборен фалсификат appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro